Гираси играч на неделата, еве го најдобриот тим за првите плеј-оф дуели во ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Серху Гираси го доби признанието за играч на неделата во Лигата на шампионите, по првите плеј-оф натпревари за пласман во осминафиналето. Напаѓачот на Борусија Дортмунд постигна гол и забележа асистенција, доволни за предност пред Винициус Жуниор, Вангелис Павлидис и Паишао.

Од друга страна во тимот на седмицата имаше уште еден ас на Борусија, по двајца од Реал, Феенорд и ПСЖ, а по еден од Јувентус и Упамекано.

Меѓу стативите е Донарума, во дефанзивата се Гати и Упамекано со Свенсон и Рид како бекови, во средниот ред Белингем и Витиња, а Паишао и Винициус на крила додека во нападот се Гираси и Павлидис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани