Гиљермо Очоа ја заврши фудбалската кариера!

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот мексикански голман Гиљермо „Мемо“ Очоа стави крај на својата богата кариера, по повеќе од 20 години настапи на клупската и репрезентативната сцена.

Очоа ќе остане запаметен како еден од ретките фудбалери кои настапија на шест Светски првенства, а неговите блескави партии против Бразил во 2014, Германија во 2018 и Полска во 2022 година се дел од историјата на мундијалите.

За репрезентацијата на Мексико одигра 153 натпревари, што го става на третото место на вечната листа, а освои и шест титули во Голд купот.

Во текот на кариерата бранеше за Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада, Стандард Лиеж, Салернитана, АВС и АЕЛ Лимасол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×