121
Диего Коста ги
напушти редовите на Челси и се врати во Атлетико Мадрид, а вечерва ги дочека своите пет минути да му се
реваншира на Антонио Конте, италијанскиот стратег од клупата на англискиот
првак.
Челси загуби
убедливо со 3-0 на реваншот против Барселона и забележа елиминација уште во
осминафиналето од Лигата на шампионите, а Коста имаше своја објава на Инстаграм
каде го прикажа почетниот состав на Сините од Лондон, а воедно и резервната
клупа, но името и презимето на Антонио Конте беа тргнати од негова страна.
Diego Costa scribbling out Antonio Conte's name on this picture on his Instagram stories… #CFC pic.twitter.com/sHhgJfgX5d
— Vaishali Bhardwaj (@VaiBhardwaj) March 14, 2018