74
ПСЖ немаше
никакви проблеми во освојувањето на овосезонската Куп титула во Франција и со
2-0 го совлада третолигашот Лез Ербие, а погодоците ги постигна Ло Келсо и
Кавани.
Нисколигашот беше
сензација сезонава во Франција откако стигна до големото финале, доби големи
пофалби од тамошните фудбалски фанови, но и од ширум светот за тоа што го
постигнаа, а синоќа по крајот на средбата во Париз за време на церемонијата на
доделувањето на победничкиот пехар имаше и еден прекрасен гест.
Тијаго Силва,
капитенот на победничкиот табор направи преубав потег откако го повика
капитенот на Лез Ербие, Себастијан Флохон, заедно да го кренат пехарот.