Газета дело Спорт го посочи проблемот на Палермо: Го нема Несторовски ги нема и головите (ФОТО)

by
2 минути читање

Популарниот
„Нестогол“ изминатово лето беше на мета на неколку клубови, но Палермо одолеа
на понудите и покрај тоа што можеше да добие барем 10 милиони евра за
напаѓачот.

Маурицио Ѕампарини
сака неговиот тим веднаш да се врати во Серија А, па знае дека шансите ќе им
бидат даелку поголеми со Илија Несторовски во тимот.

И токму ова се
потврдува на стартот од сезоната. Најпознатиот весник од Италија, Газета дело
Спорт направи анализа на Палермо и го посочи главниот проблем.

„Кога го нема
Несторовски, да се даде гол е проблем
– гласи насловоот на розевниот весник од Милан.

Илија Несторовски
до овој момент е стрелец на четири гола со кои донесе победи над Специја,
Перуџа и Про Верчели.

Тој не беше во
комбинација за дуелите со Бреша и Асколи, и на овие натпревари резултатот беше
0-0.

„Кога Несторовски
не игра, нападот е заглавен и Палермо не постигнува голови
– ја почнува анализата Газета дело
Спорт.

Во отсуство на
Македонецот, задолжен за „полнење“ на противничките мрежи е младиот Антонио Ла
Гумина, но тоа што не се постигнуваат погодоци не е единствен проблем. Се
креираат премалку шанси за гол. Газета дело Спорт вели дека во Бреша имало само
две-три прилики, а против Асколи уште помалку.

Со Несторовски во
форот ситуацијата е сосема друга, против Емполи, Палермо постигна дури три
гола, но остана само со бод поради гол од пенал во завршните мигови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани