Газдата на Олимпијакос удри по џебот на фудбалерите и го распушти тимот!

by
1 минути читање

Евангелиос
Маринакис, првиот човек на грчки Олимпијакос донел одлука да ги казни
фудбалерите на тимот со 400.000 евра, а покрај тоа, направил  и чистка во тимот.

Сево ова доаѓа по
разочарувачкото реми кај Левадиакос со 1-1, и губењето на два драгоцени бода во
битката за титулата во грчката Суперлига со АЕК и ПАОК. Со изгубените два бода,
Олимпијакос (51) заостанува шест бода зад лидерот АЕК, односно еден зад ПАОК,
а воедно е со натпревар повеќе од водечкото дуо.

Јас и другите
навивачи претрпевме доволно од вас. Ќе заминете денес и одете на одмор
“ им
соопштил Маринакис на фудбалерите, а во тимот ќе остави само пет или шест од
играчите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани