Газдата на Наполи објасни зошто го одбрал Анчелоти пред Конте

by
1 минути читање

Контроверзниот
сопственик не сакаше повеќе да чека одговор од Маурицио Сари, па и покрај тоа
што стратегот се уште е под договор, Наполи го ангажираше Карло Анчелоти за нов
тренер.

Аурелио Де
Лаурентис попладнево имаше говор на универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол и
објасни зошто се решил на еден ваков чекор. Тој исто така образложи и како изборот
паднал на Карло Анчелоти со оглед на тоа што опција им беше и Антонио Конте.

„Нема никакви
задни игри зад разделбата со Сари. Едноставно времето истече и повеќе не можев
да чекам па го донесов Карло Анчелоти
“ – вели Де Лаурентис.

„Се надевам дека ќе
остане на кормилото во следните 10 години, но секогаш морам да мислам што е
најдобро за клубот. Секогаш се однесувам непристрасно и не дозволувам да ме
понесе ентузијазмот“.

„Го одбрав Карло
бидејќи низ годиниве се здобив со чувство дека тој секогаш дава спокојство и
мир. Кога ќе ме прашал за некои играчи и јас ќе му одговорев со „НЕ“, тој не
продолжуваше да инсистира како Конте. Го разбираше нашиот став и тоа со голема префинетост“.

„Исто така,
Анчелоти победувал каде и да одел и нема да го искористи Наполи како отскочна
даска за нова работа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани