Газдата на Јунајтед штеди на работници, но не и на фудбалери – испратија мега понуда за Мбуемо

by riste
1 минути читање

Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да го ангажира Брајан Мбуемо од Брентфорд, откако првата понуда им беше одбиена, тие се враќаат со втора, подобрена.

Газдата на Манчестер Јунајтед е познат по тоа што штеди на своите работници, многумина отпушти, на сите им ги скрати голем дел од привилегиите кои ги имаа, но се расфрла со пари за играчи.

Јунајтед веќе потроши околу 78 милиони евра со ангажманот на Матеус Куња и Диего Леон, но ќе се трошат уште ова лето.

Новата понуда која е испратена до Брентфорд за Мбуемо изнесува 70 милиони евра.

Првата изнесуваше 53 милиони евра плус 11 милиони во бонуси, но им беше одбиена.

Останува да се види реакцијата на Брентфорд, дали овие пари ќе бидат доволни да го продадат својот напаѓач.

Манчестер јунајтед не е eдинствениот заинтересиран, тука е и Тотнем кој неодамна на клупата го доведе поранешниот тренер на Брентфорд, Томас Франк со кого Мбуемо играше во најдобра форма во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×