„Росонерите“ се
во резултатска криза и по серијата лоши резултати повеќе не се во топ четири на
табелата. Па оваа недела имаше кризен состанок помеѓу тренерот Џенаро Гатузо и
лидерите на клубот.
Синоќа, говор
пред играчите држеле Леонардо и Газидис, побарале посветеност и сериозност до
крајот на сезоната за да се оствари целта пласман во Лигата на шампионите.
Сепак, утрово Тимуе
Бакајоко доцнел еден час на тренинг и одработил само 10 минути со остантиот дел
од тимот. Овој инцидент ја прелил чашата, Џенаро Гатузо го загубил трпението и
наредил карантин во траење од пет дена.
Дел од
фудбалерите се обиделе да го предомислат но тренерот бил одлучен во одлуката,
па „росонерите“ од утре (16 часот) до понеделник и мечот со Болоња ќе бидат во
изолација во тренинг центарот.
Што се однесува
до Тимуе Бакајоко, се очекува Милан да го удри по џебот и тој да добие парична
глоба од 90.000 евра, а инцидентов под знак прашалник ќе ја стави и неговата
иднина на Сан Сиро. Французинот во моментов настапува на позајмица со опција
„росонерите“ во целост да го откупат за 35 милиони евра.