Гатузо удри по Чалханоглу: Да го мрднеше газот немаше да го примиме вториот гол!

by
1 минути читање

Цврстата рака на Џенаро Гатузо го крена Милан, иако можеби веќе е доцна за пласман на место кое носи во Лигата на шампионите, росонерите во изминатиот период играат како препородени.

Одлични беа и вечерва против Јувентус иако загубија со 3-1.

„Резултатот не е слика на перформансите, но мора да се вратиме на земја“, изјави Гатузо по мечот и продолжи со обвинување на Чалханоглу.

„Му се налутив на Чалханоглу за еден момент бидејќи кога ја губеше топката почнуваше да се расправа. Не сакам да го гледам тоа. Седи на земјата и почнува да им вика на своите соиграчи. Доколку го кренеше газот од теренот и трчаше назад по топката, немаше да го примиме вториот гол“.

„Одигравме добро, но не победивме, што значи дека треба да се подобриме“.

„Пред три месеци изгледаше незамисливо дека можеме да се бориме за местата во Лигата на шампионите, па мора да ја вратиме енергијата и да се фокусираме од натпревар за натпревар“.

„Боли, не можам да стојам тука и да се смеам преправајќи се дека сум среќен само затоа што сме одиграле добро. Ме боли мене, треба да ги боли сите, никој нема да биде шампион ако е задоволен од ова. Перформансите никој нема да ги памети“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани