Гатузо: Одговорноста е моја, кога ќе ни тргне лошо, се губиме на теренот… Андре Силва на натпреварите изгледа отсутен!

by
1 минути читање

Хрватскиот првак Ријека
синоќа славеше пред своја публика со 2-0 над калчолигашот Милан, кој под
водство на новиот тренер Џенаро Гатузо забележа нов разочарувачки резултат по
оној на гостувањето кај Беневенто.

Олеснителна околност за
тимот од Милано е тоа што однапред го имаше обезбедено првото место во
конкуренцијата „Д“ и како таков патува во елиминационата фаза од Лига Европа.

По мечот, Гатузо ја
презеде одговорноста за тоа што Милан отпатувал на тоа гостување со состав кој
не е во преден план, а издвои и негативен коментар за напаѓачот Андре Силва, за
кој вели дека делува отсутен на натпреварите, а на тренинзите дава се
од себе.

Одлуката да се дојде во
Ријека со овие фудбалери е исклучително моја. Размислувам за Болоња, повеќето
фудбалери не се стандардни и тоа се почувствува. Кога ќе ни тргне лошо, се
губиме на теренот, мораме да поработиме на тоа. Повторувам, одговорноста е само
моја!“
рече Гатузо по синоќешниот пораз. 

„Депресија во клубот? Тоа не е работа за која треба да се грижи тренерот,
туку прашање за директорот или претседателот. Да речеме, Андре Силва, на
тренинзите одработува максимум како што треба, а на натпреварите изгледа
отсутен
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани