Гатузо: Го допревме дното

by
1 минути читање

Милан веќе подолг
период не знае за победа во најсилниот италијански фудбалски шампионат, а како
фрлен жар на веќе запалениот огин дојде поразот на домашен терен од фенерџијата
во Серија А, Беневенто.

Тимот од Милано
повеќе нема право на кикс доколку сака излез барем во Лига Европа за следната
сезона, па претстои гостувањето кај Болоња за поправен.

Џенаро Гатузо,
шефот на стручниот штаб на Росонерите смета дека поразот од Беневенто било
допирање на дното за неговиот тим, додава дека иако имал слободни денови, истите
решил да не ги искористи и да остане да работи со екипата.

Го допревме
дното, сега мораме да преземеме одговорност, не е нормално да им дадеме на
фудбалерите слободни денови во вакви околности. Јас имав два слободни денови и
имав во план истите да ги искористам со моето семејство во Шпанија, но, иако
веќе имав и карти резервирано за тоа патување, останав овде да работам со
фудбалерите. На некои тоа им се допадна, на некои не, но, дали делувам како да
ми е грижа за тоа?
“ рече Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани