1,2K
Џанпјеро Гасперини во последните години се поврзуваше со доста клубови, а тој пак остануваше во Аталанта која ја води од 2016 година.
Искусниот стратег беше поврзуван и со Рома од страна на медиумите. На таа тема Гасперини не криеше дека би му било чест да води тим како Рома.
„Рома? Па кој не би сакал да биде тренер на Рома… Тоа е одлично место, има исклучителна публика. Би било извор на гордост, ама што ќе се случува е тешко да се предвиди. Рома е како репрезентација, сите ја сакаат“, изјави Гасперини.
Сепак, на клупата на Рома сезонава се врати Клаудио Раниери кој врши одлична работа. Проблемот кај него се годините и постои шанса да има советодавна улога наместо да го води тимот на дневно ниво.