Гарсија се правда: Немав намера расистички да го навредам Умтити, мојата жена е ромка!

by
1 минути читање

Градското дерби вчера имаше и трето полувреме, медиумите од Шпанија пренесоа дека Самуел Умтити дивеел во тунелот кон соблекувалната откако бил наречен црнец од страна на фудбалерите на Еспањол.

Извештаите вела дека Серхио Гарсија бил играчот кој на расна основа го навредил дефанзивецот на Барса.

Фудбалерот на Еспањол сега се огласи на социјалните мрежи за да ја појасни целата ситуација.

„Најпрво сакам да појаснам дека уште вчера разговарав лично со Самуел. Во никој случај не сум расист. Сите добро знаат дека мојата сопруга е ромка, и пораснав во маало каде што имаше луѓе од сите раси. Исто така, мојот зет, со кого сум во одличен однос, има Афро-американско потекло. Кога е тензично на теренот се кажуваат многу работи, но тие треба да останат таму на теренот“ – напиша Серхио Гарсија на Инстаграм.

Сестрата на Серхио Гарсија е мажена за Колумбиецот Кордоба, кој го носи дресот на Келн. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани