Гациновиќ за Ковач: Не е случајно што ќе биде тренер на Баерн, тој спиеше на стадионот!

by
1 минути читање

Мијат Гациновиќ и
Нико Ковач имаа одлична соработка во Ајнтрахт Франкфурт, екипата која сезоната
ја заврши со трофеј во Купот на Германија, а иако можеше и повеќе од тоа, на
крајот завршија како осмопласирани во Бундеслигата.

Србинот не ги
криеше своите импресии од својот тренер кој од идната сезона седнува на клупата
на гигантот Баерн Минхен.

Тој е германски
тренер, така јас би рекол за него, бидејќи не е со менталитет од нашите
простори. Кај него премногу се работи, премногу се трча, но, не на „суво“, туку
на натпреварите. Бара многу спринтови од фудбалерите, нуди тешки тренинзи…
Секогаш прв доаѓање на стадион, тој беше таму по цели денови, спиеше на
стадионот. Не е случајно што ќе биде тренер на Баерн…
“ рече Гациновиќ.

Ќе издвоиме и
дека во својата изјава Србинот додава колку му помогнал хрватскиот стратег да
стане тоа што е денес, „Нико дојде во клубот, а јас ден потоа дознав дека имам
мононуклеоза, не знаев колку долго ќе играм, ми рече
Знам дека си болен, но, јас гледав неколку твои
натпревари, оздрави, те ценам како фудбалер, имаш нешто што домашниве (Германците)
го немаат, кога ќе се вратиш, ќе играш кај мене
“ додаде Србинот.

Офанзивецот на
Ајнтрахт се најде на списокот на Србија за настап на Мундијалот во Русија
идниот месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани