Македонскиот вицепрвак Вардар во среда го игра првиот меч против
ерменски Пјуник во првото квалификациско коло за пласман во групите од Лига
Европа, нешто, што за црвено-црните лани беше историја, но годинава со видно
изменет состав амбициите се многу поинакви.
Чуварот на мрежата на Вардар, Филип Гачевски вели дека
целата екипа е свесна за тоа дека ланскиот успех не игра улога во овој момент,
но додаде дека Вардар е подготвен да го даде максимумот за да успее.
„Минатата година направивме најголем успех во македонскиот
фудбал, а оваа година вртиме нова страница. Речиси цел тим се нови играчи и
наша цел е да го минеме Пјуник. Наша најголема цел е на гостувањето во Ерменија
да дадеме гол и на реваншот да победиме и да се пласираме во следната фаза“ вели тој.
„Сите
играчи и тренери и стручен штаб сме свесни дека ланскиот успех не ни игра улога
во овој момент. Гледавме видеоанализи од противникот, се работи за добар тим.
Сеедно ако минатата година заврши на петтото место во Ерменија. Подготвени сме
и ќе го дадеме нашиот максимум да успееме“ додаде вардаровиот голман.