Шкендија го доби
дербито со Вардар откако на терен на ривалот славеше со 0-2, но, првиот гол затетовските црвено-црни беше доста дискутабилен и донесе големи реакции во
редовите на домаќинот, се постави прашањето дали топката ја мина гол линијата.
Голманот на
Вардар, Филип Гачевски тврди дека голот на Шкендија за 0-1, со кој се отвори
мечот на резултатски план, е нерегуларен, тој дури и тврди дека може да се
заколне во тоа што го говори.
„Прво, како
спортист би сакал да и ја честитам победата на Шкендија, второ, сакам да кажам
дека првиот гол го реши натпреварот, а тој не беше регуларен. Трето, сакам да
порачам дека цела јавност и сите од ФФМ треба да превземат нешто, затоа што ова
што се случува во Македонија е жално“ вели Гачевски.
„За голот можам
да кажам дека сум 100% сигурен дека топката не ја мина гол линијата, и можам да
се заколнам во тоа. Мора да се реагира затоа што тој момент го одлучи
победникот, а може да влијае и на целото првенство“ додава тој.
Гачевски по мечот
морал и сам да се увери во снимките, а откако ги проследил истите, утврдил дека
судијата што ја донел конечната одлука во таа ситуација не бил онаму каде што е
потребно за да увиди дали голот е регуларен.
„По натпреварот
видов дека тој судија што ја донесе одлуката, не ни бил таму каде што треба за
да види дали топката ја мина гол линијата, беше сигурен, тврдеше дека е гол. Од
каде таа сигурност кога го нема таму каде што треба да биде. Другиот судија,
пак, гледа на друга страна, навистина жално и срамно“ заклучи вардаровиот
голман во изјавата за официјалниот клупски сајт.
Спорниот момент
од големото дерби во нашето првенство погледнете го – ТУКА.
Фото-вест: fkvardar.mk (архива)