63
Луис Суарез важи за
доста контроверзен фудбалер, познат е по својата арогантност а често знае да ги
премине границите во своето непочитување на ривалите.
Се чини така беше и на
дуелот против Валенсија, ако му се верува на Габриел кој откри каква
конверзација имал со Уругваецот во текот на средбата на Камп Ноу во рамките на
шпанскиот куп каде Барселона во првиот меч обезбеди минимален триумф.
„Тој ме нарече кукавица,
плашливец“ откри тој, а притоа додаде кој бил неговиот одговор на таа
провокација.
„Јас му возвратив дека
тој е добар фудбалер, најдобрата деветка во светот“ додаде фудбалерот на
Валенсија.