266
Италијанските
медиуми пишуваат дека Јувентус испратил бомбастична понуда до Интер, за нивниот
најдобар фудбалер, напаѓачот Мауро Икарди.
Според
информациите, тимот од Торино понудил 50 милиони евра, а додатно во истата, во
пакет го нуди и Гонзало Игуаин.
Истовремено,
Јувентус наводно ангажирал и адвокати за да се анализира откупната клаузула за
Икарди која изнесува 110 милиони евра, а има важност од 1 до 15 јули, и тоа само
за клубови вон Италија.
Неофицијално,
Интер прифатил да ја разгледа понудата, а дозвола наводно дала и Ванда Нара,
сопругата на Икарди, инаку негов агент.