Повеќе медиуми во
Србија пренесоа дека Срѓан Обрадовиќ, судијата кој го судеше дуелот помеѓу
Спартак Суботица и Раднички Ниш бил приведен и однесен во полициска станица на
разговор, а причина за тоа е контроверзното делење на правдата на претходно
наведениот меч.
Во Србија досуден најсмешниот пенал досега (ВИДЕО)
Истиот меч во
претпоследното коло од српската Суперлига го добија домаќините со 2-0, а двата
гола ги постигнаа со удар од белата точка, вториот пенал беше до толку смешна
одлука што пренесоа и медиуми вон регионот.
Инаку, дуелот
беше директна пресметка за третото место на табелата на едно коло до крајот,
место, кое води во квалификациите за Лига Европа, на кое во моментов Спартак
Суботица се одвои на три бода од својот ривал.