Фудбалски потрес во Србија: Матиќ одлучи да ги бојкотира тамошните медиуми

by
1 минути читање

Помалку тензична
атмосфера во српскиот фудбал во пресрет на Светското првенство во Русија,
атмосферата во тимот на Србија очигледно не е баш позитивна, а за тоа најдобро
говори и тоа што се случува со заменик капитенот на националниот состав на таа
земја.

Фудбалерот на
Манчестер јунајтед, и еден од најдобрите српски фудбалери во моментов, Немања
Матиќ донесе одлука во иднина да не дава изјави за српските медиуми поради текст
кој се појави на еден српски медиум.

Поради вакви
лаги одлучив повеќе никогаш да не давам изјави за српските медиуми
“ напиша
Матиќ на социјалните мрежи.

Повод за ова е
веста на еден тамошен медиум на кој се напиша дека Бранислав Ивановиќ е
вознемирен поради фактот што му е одземена капитенската лента, а воедно имал и
кавга со Матиќ, но тоа фудбалерот на премиерлигашот го демантира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани