Фудбалот во втор план: Баерн победи, а „Алијанц Арена“ го испрати Томас Милер – легендата доби и „шпалир“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен го совлада тимот на Борусија Менхенгладбах со 2-0 во претпоследното коло на Бундеслигата. Баварците веќе се математички првак од минатото коло, а сега го одиграа последниот домашен натпревар.

Победата ја обезбедија Хари Кејн со гол во 31. минута и Мајк Олисе кој погоди во последната од регуларното време. Сепак, фудбалот беше во втор план на „Алијанц Арената“, бидејќи сè беше подредено на заминувањето на легендата Томас Милер.

По 25 години во клубот, со 750 настапи во дресот на Баерн, 247 гола и 176 асистенции иконата беше последен пат испратена од публиката на „Алијанц Арената“. Пред мечот Милер доби посебен плакат, навивачите му направија посебни транспаренти, а го поздравија и со овации.

При излегувањето во игра во 84. минута освен овациите од трибините, Милер доби почит и од целиот тим на Баерн. Соиграчите се собраа и му направија шампионски „шпалир“ при неговото последно излегување од теренот во Минхен.

За време на престојот во Баерн Минхен, Томас Милер 12 пати беше првак во Бундеслигата, по двапати ги освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и УЕФА Суперкупот, шест пати го крена трофејто во ДФБ Покал и освои осум трофеи во Суперкупот на Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани