Свонси направи
изненадување во 25. Коло од англиската Премиерлига совладувајќи го со 3-1 на
домашен терен тимот на Арсенал.
Главна улога во победата
на домаќините имаше Сем Клукас кој постигна два гола, првиот за израмнување,
вториот за печат на победата на Свонси.
Но, доста контроверзен
беше начинот на кој ги прослави двата гола против Топчиите, тој имаше гест кој
асоцира на интернет страна за возрасни („Spy“), а фудбалерот на Свонси веќе се извинил за тој гест,
за што информираат од клубот.
„Тој веќе се извини за
тоа што го стори, не сакаше да направи штета поради тој гест, клубот повторно
ќе разговара со него за да се запознае со целата ситуација, сите имаме еднаква
одговорност, истото важи и за него“ информираат од Свонси.