Фудбалерот на кого повредите му ја уништија кариерата ќе стане тренер (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот француски репрезентативец и екс-фудбалер на Барселона, Самуел Умтити кој беше принуден да ја заврши кариерата поради тешки повреди сега тргнува по нова патека.

Иако стави крај на играчката кариера, 31-годишниот Умтити отвора ново поглавје и во иднина ќе се обиде да стане тренер. Од почетокот на неделава тој е дел од тренерскиот стручен штаб на екипата на Париз во Лига 1 каде што ќе собира искуство.

Во меѓувреме Французинот започна и постапка за добивање на сите потребни тренерски лиценци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×