Фудбалерките на
Лион го совладаа Волфсбург со 4-1 во големото финале од овосезонската Лига на
шампиони во женска конкуренција, а мечот се одигра во Киев, онаму каде што во
сабота ќе се одигра и финалето во машка конкуренција каде силите ќе ги одмерат
Ливерпул и Реал Мадрид.
Иако мрежите од
обата гола мируваа во регуларните 90 минути игра, сепак, во продолжението од
средбата беа постигнати дури пет погодоци.
Волфсбург прв поведе
и тоа преку Хардер во 93. минута, но, радоста на Германките траеше само пет
минути откако Анри израмни на 1-1, а претходно Вофлсбург остана со играч
помалку на теренот откако исклучена беше Поп.
Ле Сомер минута
подоцна донесе и пресврт од 1-2, а Хегерберг во 103. односно Абили во 116.
минута донесоа убедлива победа на крајот за Лион.
Ова е петта
титула за Лион во Лигата на шампионите, трета во низа.