Фудбалерките ги добија противниците за квалификациите за ЕП 2021

by
1 минути читање

Македонија беше извлечна од петтиот шешир, ќе играме во групата Г заедно со Франција, Австрија, Србија и Казакстан.

Квалификациите ќе се одигруваат во периодот од август, 2019 до септември, 2020 година. Пласман на финалниот турнир ќе обезбедат сите победници од 9те квалификациски групи, како и трите најдобри второпласирани. Останатите шест второпласирани ќе играат бараж за пополнување на последните три места и приклучување кон диркетно квалификуваните и домаќините Англија.

„Добивме исклучително силна група во која носител е гигантот Франција,а во која се уште и Австрија,Србија кои се мошне силни репрезентации и кои во дуелот со нашата репрезентација влегуваат како големи фаворити и ние се ќе направиме достојно да им се спротивставиме и зошто да не направиме некое изненадување. Нашата шанса за бодови се двата натпревари со Казакстан и се надевам дека ќе успееме да бидеме подобри од нив и после долго време да забележиме победа на еден квалификациски натпревар“, вели Кирил Изов, селекторот на македонската репрезентација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани