Виган заедно со
Блекбурн е на добар пат да се врати едно скалило напред во англискиот фудбал,
поточно да се вратат во Чемпионшиплигата, откако во Лига Еден се на двете
водечки позиции.
Виган со гол во самиот
финиш го доби дуелот со Оксфорд пред своја публика вчера вечер, а чуден беше
стартот на второто полувреме од таа средба.
Фудбалерите на
Оксфорд доцнеа на стартот од вториот дел, се уште се загреваа и покрај фактот
што беа повикувани од главниот арбитар на мечот, по што домаќините тргнаа од
центарот да постигнат гол и да ја искористат таа ситуација.
Веднаш потоа
судијата ја прекина нивната акција, а капитенот на гостите беше опоменат поради
тоа што не го подготвил својот тим за старт на второто полувреме.