Македонија со победа над Гибралтар од 4-0 го заврши настапот во групната фаза од Лигата на нации. Го освоивме првото место и во следната сезона од ова натпреварување ќе играме во повисок ранг, Ц. Дополнително обезбедивме полуфинале на домашен терен и имаме уште само два чекори до историски пласман на Европско првенство.
ФФМ за овој успех на репрезентативците ќе им подели премија од 500.000 евра.
„Фудбалската федерација на Македонија ќе подели премија од 500.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб за освоеното прво место во групата“, стои во краткото соопштение на ФФМ.
Фудбалската федерација од групната фаза во Лигата на нации ќе инкасира 1,5 милиони евра од УЕФА, половина од тие се за самото учество, а другата половина се награда за првото место во групата.