Влезот на
петродоларите, како и богатиот договор за ТВ правата во Премиерлигата придонесоа
во фудбалот да се вртат пари како никогаш досега.
За трансфери се
плаќаат луди суми, а клубовите не се штедат ниту кога се во прашње платите на
играчите.
Последниот пример
за ова пристигнува од „Островото“, 20 годишен фудбалер на Манчестер Сити си
купи куќа од 2 милиони фунти.
И тоа можеби
немаше да биде толку чудно доколку Тосин Адарабиојо имаше барем еден настап во
Премиерлигата. Талентираниот дефанзивец има одиграно 7 натпревари за „Граѓаните“ во
куповите и Лигата на шампионите, но ниту еднаш нема истрчано на натпревар од
најсилното првенство на Англија.
Тој важи за еден
од поперспективните играчи во школата, минатата година беше желба на неколку
клубови се закануваже дека ќе си замине, па неговиот брат успеа да се исценка за милионски договор и неделна
плата од 25.000 фунти.
Тосин Адарабиојо,
кој има потекло од Нигерија, сега се почастил со нов дом вреден 2,25 милиони
фунти. Куќата во луксузна населба во Чешир, каде своевремено живееше и Кристијано Роналдо, е на три спрата, има шест спални,
пет бањи, теретана, домашно кино и поглед кон терен за голф.