84
Броргвин Магнусон,
фудбалерот на Бристол Сити сведочи за потегот што го направил португалскиот
стратег од клупата на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, по елиминацијата на
гигантот од второлигашот во Карабао Купот на Англија.
„Атмосферата во
соблекувалната беше неверојатна, нешто што ќе ми остане засекогаш во мојот
живот. По мечот, Мурињо влезе во нашата соблекувална, не пофали за одличното
издание, ни честиташе за победата и ни посака среќа во понатамошните натпревари
во Купот“ откри исландскиот дефанзивец.