„Фудбал Ликс“ открива: Меси има годишна бруто плата од преку 100 милиони евра!

by
2 минути читање

По долги
шпекулации за неговата иднина, Лео Меси стави потпис на нов договор и ја
продолжи верноста кон Барселона до 2021.

Ова е најбогатиот
договор виден во историјата на фудбалот, а Медиапарт преку документи добиени од
„Фудбал Ликс“ ги откри деталите.

Аргентинецот има
годишна бруто плата од преку 100 милиони евра која се состои од фиксни примања
од 71 милион евра (во кои се вклучени и 15% од имиџ правата). Лео Меси исто
така добил бонус од 63,5 милиони евра за тоа што удрил параф на документите,
како и бонус за лојаност од 70 милиони евра кој ќе го добие доколку остане на
Камп Ноу до крајот на договорот.

Доколку се
соберат сите суми, договорот на Лео Меси е вреден 417,5 милиони евра, односно
104 милиони евра за 12 месеци.

Но оваа сума не е
конечна, бидејќи на Лео Меси му следуваат одредени премии. На пример, ако Меси
одигра на 60% од натпреварите на Барса во сезоната, ќе добие додатни 1,9
милиони евра. Триумф во Лигата на шампионите пак ќе му донесе плус 12 милиони
евра.

Математиката вели
дека нето платата на Лео Меси е околу 50 милиони евра, што го прави далеку
најплатениот играч во светот на фудбалот. Нејмар со околу 37 милиони евра е
вториот на оваа листа.

Лео Меси
заработува повеќе од двојно од Кристијано Роналдо, па затоа ЦР7 сака што
поскоро Флорентино Перез да му го корегира договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани