Фотографија која го обиколи фудбалскиот свет: Голманот на Баерн Минхен по мечот беше скршен од болка

by
1 минути читање

Реал Мадрид успеа да избори место во големото финале во Лигата на шампионите, откако синоќа во реваншот против Баерн Минхен на домашен терен обезбеди реми со резултат 2-2, а на гости претходно славеше со 1-2.

Свен Улрајх е големиот трагичар кај Германците откако чуварот на мрежата од голот на тимот од Минхен при голот на Бензема за 2-2, по неполна минута игра во второто полувреме, имаше голем кикс откако ја испушти топката и му дозволи на францускиот напаѓач лесно да ја смести топката во неговиот гол.

За тоа колку беше разочаран од киксот, доволно говори и оваа фотографија по крајот на мечот, каде тој остана сам да седи на теренот разочаран, без никого околу себе…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани