Фирмино: Очите ми беа полни со солзи по тоа што го видов…

by
1 минути читање

Ливерпул има
убава можност на Итихад во реваншот против Манчестер Сити да го потврди
пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите откако пред своја публика во
првиот меч славеше убедливо со 3-0.

Пред мечот
Ливерпул пулсираше во ритамот на мечот со Сити, доста голема бројка фанови на
Редсите се појавија низ улиците и со бакли и преубава атмосфера им посакаа
среќа на своите омилени фудбалери, но не беше таков случајот додека минуваше клупскиот
автобус на Сити кон кого беа фрлани разно разни предмети.

Роберто Фирмино,
офанзивецот на тимот од Енфилд Роуд, просведочи за тоа како го проследил тоа
што го видел низ улиците на Ливерпул.

Се најавуваше
прекрасна атмосфера низ улиците, додека бев во автобусот читав за тоа дека ќе
има многу фанови, тоа се случи. Морам да признаам дека очите ми беа полни со
солзи, тоа премногу ме погоди на позитивен план, ни даде додатна сила,
одигравме еден феноменален меч
“ истакна Фирмино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани