Ливерпул беше убедлив во
победата против Свонси на домашен терен и го почести својот противник со пет
гола во неговата мрежа.
Два гола во победата на
тимот од „Енфилд“ постигна Роберто Фирмино, а Бразилецот игра во фантастична
форма изминатиов период.
Сепак, головите на
Бразилецот му донесоа одличен бонус, тој инаку има неделна заработувачка од
68,085 фунти, а има посебна клаузула во договорот со Ливерпул кој му носи
бонуси за постигнати погодоци.
Така, заработи по 25,000
фунти за првите пет гола, а по 45,000 фунти за бројка на постигнати погодоци
помеѓу шест и десет. Штом ја надмина бројката од 11 погодоци стигна до бонусот
од по 65,000 фунти. Неговите два гола против Свонси сега му донесоа бонус
вреден 85,000 фунти за секој постигнат гол во дресот на Ливерпул понатаму бидејќи ја надмина бројката од 16 постигнати гола.