Финалето од Купот на Македонија ќе биде пренесувано и на знаковен јазик

by
1 минути читање

Во среда на стадионот „Младост“ во Струмица се игра финалето од Купот на Македонија во фудбал меѓу Пелистер и Шкендија.

Директен пренос од натпреварот ќе има на телевизија „24“, а овој пренос ќе биде посебен поради тоа што ќе биде и на знаковен јазик.

„Како најголема спортска федерација во државата наша должност е во рамки на нашата социјална одговорност да бидеме еден вид двигатели на вредностите кои ги почитуваат и вклучуваат сите категории на граѓани. На овој начин ќе го збогатиме доживувањето кое го носи фудбалот за глувонемите ѓраѓани во нашата земја. Се надеваме дека со овој чекор ќе бидеме поттик и за останатите организации да дадат придонес во инклузивноста на тие групи во рамките на нивното поле на делување. Благодарност и до Национална спортска федерација на глуви на Македонија за помошта при разбирањето на нивните потреби. Нашата работа и активност за инклузија на глувонеми започна месеци пред УЕФА Супер Куп натпрварот – Скопје 2017 и многу ни е драго што пораката што ја испративме на официјалната церемонија на отворање на настанот допре до милионската публика ширум светот, изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

Предвидено е во текот на едно полувреме по три пати да се појавува знаковниот пренос во аголот од екранот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани