По реформите на
стариот континент и формирањето на Лига на нации, се разгледува можноста овој
проект да се прошири и на глобално ниво.
ФИФА предлага
формирање на ново натпреварување „Финални 8“ кое ќе биде точка на кулминација
на една светска Лига на нации. Ќе се одржува во октомври или ноевмри на секои
две години од 2021. Неименувана група инвеститори е подготвена да искешира 25
милијарди долари за да го купи правата од ова мини Светско првенство за период
од 12 години, односно седум турнири.
„Финални 8“ е дел
од амбициозниот план за реформи во интернационалниот фудбал. Доколку се прифати
овој предлог, Купот на Конфедерации, кој се одржува на секои четири години во
годината пред Светско првенство повеќе не би постоел.