На натпреварите
од Јужна Америка со години се употребуваше „магичен“ спреј, кој исчезнува
неколку минути откако судиите ќе го нанесат на тревата за да обележат каде да
биде поставена топката а каде живиот ѕид.
ФИФА реши да го
користи за мундијалот во Бразил, спрејот веднаш стана хит и составен дел од
многу привенства ширум светот.
Но светската куќа
сеге е на прагот на нов скандал, и поради „магичниот“ спреј можат да „исчезнат“
100 милиони долари од сметката на ФИФА.
Иноватор од
Бразил, Хејне Алемање со години води судски спор и се обидува да докаже дека
„магичниот“ спреј е негов изум и тој треба да добие соодветен паричен
надоместок.
Судот од Рио да
Жанеиро неодамна му го признал патентот во 44 земји, па тој сега бара оштета од
100 милиони долари (околу 85 милиони евра) бидејќи потрошил 15 години на
развивање на формулата за спрејот.
Њујорк Тајмс,
која ја објави оваа сторија, вели дека нивниот новинар видел документи и
мејлови според кои ФИФА му понудила на Хејне Алемање 500.000 долари пет месеци
пред почетокот на СП 2014, но двете страни не пронашле заеднички јазик.