78
Помина рокот за аплицирање, до канцеларијата на ФИФА стигнаа две кандидатури за домаќин на СП 2026.
Првата кандидатура е на три држави, САД, Мексико и Канада, додека втората апликација е на Мароко.
Доколку домаќини бидат САД, Канада и Мексико, Светското првенство ќе се игра во 23 градови од кои 16 во САД, четири во Канада и три во Мексико. Мароко предложи 12 стадиони од кои пет допрва ќе се градат.
ФИФА до 13 јуни треба да одлучи кој ќе биде домаќин на Светското првенство 2026 година.