ФИФА ја исполни желбата на Аргентина пред натпреварот со Англија

by Стефан
1 минути читање

ФИФА го одобри специјалното барање на аргентинската фудбалска репрезентација во пресрет на полуфиналниот натпревар против Англија, кој ќе се одигра в среда.

Актуелниот светски шампион побара дозвола на големото дерби да настапи во темносина гарнитура дресови, наместо во препознатливите светлосини и бели вертикални линии, а светската фудбалска организација даде зелено светло за оваа промена.

Според аргентинскиот новинар Гастон Едул, зад ова барање стои пред сè суеверие. Имено, Аргентина ги забележа двете свои најпознати победи против Англија на светските првенства токму во темносините дресови.

Првиот триумф беше во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година предводени од Марадона, а вторпат Аргентина ја елиминираше Англија на Мундијалот во 1998 година, кога по изведувањето пенали избори пласман во следната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×