Фергусон со свој коментар за повлекувањето на Венгер од Арсенал: Сега ќе може да добие испраќање какво што заслужува

by
1 минути читање

Минаа цели 22
години менаџирање на Арсен Венгер на клупата на Арсенал, но, на оваа приказна и
дојде крај, откако вчера, Французинот објави повлекување од клубот.

Свој коментар на
одлуката на Венгер имаше и неговиот поранешен ривал од клупата на Манчестер
јунајтед, Алекс Фергусон, кој смета дека неговата одлука била коректна и во
вистински момент, додаде дека во еден ваков период на повлекување, ќе има
можност да добие испраќање какво што заслужува.

Навистина сум
среќен поради Арсен Венгер, имам голема почит кон него и за работата која ја
одработи во Арсенал. Сето тоа што го стори е тестамент на неговиот талент,
професионализам и посветеност за тоа што се посвети на тоа што го сакаше цели
22 години од својот живот, за работата која ја сака
“ рече Фергусон.

Во ера кога
фудбалските тренери понекогаш остануваат во клубовите по една или две сезони,
покажува каков бил неговиот допринос во клубот, да му помага толкав голем
период во клуб од калибарот на Арсенал
“ додаде тој.

Задоволен сум од
фактот што објави дека се повлекува во овој период од сезоната, сега ќе може да
добие такво испраќање какво што навистина заслужува, тој, без никакво сомнение,
е еден од најдобрите тренери во Премиерлигата, истовремено сум горд поради тоа
што имав таков ривал, и пред се
пријател“ беа завршните зборови на Фергусон во неговиот коментар за топ
темата во фудбалскиот свет во моментов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани