135
Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, е пренесен во болница откако му се слошило на „Олд Трафорд“ на денешниот натпревар против Ливерпул.
Според „Скај Спортс“, Фергусон е свесен и бил подложен на превентивни медицински прегледи.
84-годишниот Фергусон е редовен гостин на натпреварите на Манчестер Јунајтед, и на домашен и на гостински терен, откако го водеше клубот цели 27 сезони и повеќе од 1500 натпревари пред да се пензионира во 2013 година.
По завршувањето на тренерската кариера, тој продолжи да ја извршува улогата на амбасадор на клубот сè до 2025 година.