Фергусон имал фудбалско прашање откако се разбудил од кома

by
1 минути читање

Алекс Фергусон,
поранешниот долгогодишен шеф на стручниот штаб на Манчестер јунајтед веќе е
контактибилен откако претходно се здоби со мозочен удар, а имаше успешна
операција на која беше во вештачка кома.

Фудбалскиот свет
се обедини за брзо закрепнување на популарниот Ферги, а тој штом се разбудил од
кома имал и едно фудбалско прашање, истото се однесувало на тоа каков бил
резултатот кој го остварил Донкастер, екипа која ја тренира неговиот син Дарен.

Инаку, Донкастер
настапува во англиската Лига 1, или фудбалски речено во третолигашкиот
шампионат на Англија каде изминатиот викенд загуби на домашен терен од Виган со
0-1, а сезоната ја заврши на средина од табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани