Фердинанд нема дилеми: Ако Јамал го направи тоа – веднаш дајте му ја „Златната топка“!

by Стефан
1 минути читање

Ламин Јамал и понатаму е во фокусот на фудбалската јаввност, младата ѕвезда на Барселона покажа магија на теренот во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите против Интер, каде постигна спектакуларен гол, погоди две пречки и приреди неколку моменти за паметење.

Јамал не само што фасцинира со својата зрелост и техничка супериорност, туку и со фактот дека сè уште е тинејџер. Тој е главна тема во медиумите и фудбалските кругови, а за неговиот талент проговори и поранешниот англиски репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

„Не знам дали постои друг фудбалер во моментов кој предизвикува такво возбудување секој пат кога ќе излезе на терен“, изјави Фердинанд во гостување на британските медиуми.

Кога беше директно прашан за Јамал и неговиот потенцијал, без двоумење одговори:

„Златна топка. Златна топка. Златна топка“, изјави Фердинанд и додаде:

„Ако Јамал направи разлика и во реваншот против Интер, па потоа и во финалето на Лигата на шампионите, тогаш воопшто не се сомневам – треба да ја освои Златната топка. Тоа ќе ги замолчи и оние кои се потпираат само на статистика. Фудбалот не е само бројки, туку и како некој игра, што прави на теренот, а тоа што го прави Јамал, тоа е уметност.“

Барселона во сабота ќе гостува кај Ваљадолид во рамките на Ла Лига, каде победата е императив во битката за шампионската титула, додека во вторник, на 6 мај, тимот на Ханси Флик патува во Милано, каде на „Џузепе Меаца“ ќе го одигра реваншот против Интер.

Фото: Barcelona – FB/Manchester United – X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани