Фелаини сака побогат договор: Не сум особа која десет пати ќе прашува за една иста работа

by
1 минути читање

Договорот на
Маруан Фелаини со Манчестер јунајтед истекува претстојниот летен преоден рок,
белгискиот репрезентативец вели дека лани си го кажал своето, побарал побогат
договор, но одговорот од клубот не дошол, тој е убеден дека челниците во клубот
знаат дека погрешиле.

Минатата година
сам отидов кај тренерот и му реков дека сакам нов договор. Потоа имавме уште
еден состанок, но, не су особа која десет пати ќе прашува за една иста работа.
Во меѓувреме, станав важен за екипата, а денес важните играчи во тимовите чинат
50 милиони евра. Луѓето во клубот знаат дека погрешија што тогаш не ми понудија
продолжување на соработката
“ смета Фелаини.

Медиумите на
Островот пренесуваат дека Манчестер јунајтед на Белгиецот му понудил неделна
плата од 140,000 фунти, а веројатно е дека Фелаини има повисоки барања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани