Најверојатно ова е последната сезона на Антонио Конте на клупата на Челси, но стратегот не треба да се грижи за својата работа, понуди на негова адреса веќе стигнуваат.
Тој е најпосакуваниот избор за нов селектор на Италија и доколку рече „да“ сигурно ќе ја добие функцијата.
„Од сите потенцијални кандидати, Конте за мене е најдобро решение. Се уште не сме избрале селектор, но мислам дека тој би бил вистинскиот избор“, изјави потпретседателот на федерацијата, Костакурта.
Покрај Конте кадидати се и Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини.
Конте е тој кој треба да одлучи дали сака да остане во клупскиот фудбал или ќе му се врати на репрезентативниот.
Италија е без селектор од заминувањето на Џампјеро Вентура по големиот неуспех во бараж дуелот со Шведска за пласман на Светското првенство во Русија.
Привремен селектор е Луџи ди Бјаџо.