Фановите на Реал со јасна порака, сакаат засилување за нападот, едно име отскокнува пред другите (ФОТО)

by
1 минути читање

Во пресрет на зимскиот трансфер пазар, Марка спорведе анкета помеѓу фановите на „Кралевите“ во која учествувале над 100.000 луѓе.

Навивачите бараат нови имиња на Сантијаго Бернабеу и дури 85% од фановите кажале ДА за засилување во јануари.

И додека се највува пристигнување на голамнот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага, дури 88% сметаат дека е потребно засилување во нападот, и веројатно тоа не е изненадување поради слабата форма во која игра популарното трио „ББЦ“.

На прашањето кога сакаат да го видат во белиот дрес, најмногу гласови добил Хари Кејн, голгетерот на Тотенхем кој игра во животна форма и 2017 ја заврши како најдобар стрелец со 56 погодоци во оваа календарска година.

Зад него, Нејмар добил 23% од гласовите, а Килијан Мбапе 14%.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани