Фановите на Манчестер јунајтед „распалија“ по Ерера: Тоа што го направи на мечот против Лестер е себичен потег! (ФОТО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед имаше
се

за победа синоќа на гостувањето кај Лестер, имаше водство
од 1-2 и играч повеќе на теренот.

Сепак, мали проблеми за
Мурињо се јавија откако дојде до повреда на Смолинг, бидејќи португалскиот
стратег веќе направи три измени, дефанзивецот беше приморан да го доигра до
крај мечот.

Фил Џонс, проценил дека
дефанзивната линија на Манчестер јунајтед нема да може да издржи со Смолинг
како повреден, па побарал од Линделоф да биде на централната стоперска
позиција, а од Ерера да се врати назад на позицијата десен бек.

Наводно Шпанецот го
одбил тоа барање од својот тимски соиграч, и му рекол на Мхитарјан да го стори
тоа, а со тоа го привлече гневот на фановите на Манчестер јунајтед.

Инаку, Лестер со гол во
94. минута успеа да израмни на 2-2 и да му откине два бода плус на гостинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани