Фановите на Ливерпул вчудоневидени од одлуката: Зарем ова не беше пенал?! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Ливерпул го одбра
потешкиот пат за да остане во топ четирите екипи на крајот од актуелнава сезона
во Премиерлигата откако одигра без голови на домашен терен против Стоук.

Сепак, постоеше
една доста чудна одлука на главниот арбитар на средбата на Енфилд, Андре
Маринер, кој во 87. минута реши да не досуди пенал за домаќините откако Ерик
Петерс, дефанзивецот на Стоук играше со рака во својот казнен простор.

И покрај големите
протести на домашниот тим, судијата остана доследен на својата одлука, а
фановите на Ливерпул имаа големи реакции како од трибините, така и по мечот на
социјалните мрежи.

Многу работи
можат да тргнат на лошо за Ливерпул по денешното реми, во моментов има четири,
односно девет бода предност во однос на Тотенхем, односно Челси на табелата, а
тие две екипи имаат два меча помалку од тимот на Клоп.

Тотенхем го
очекуваат дуели против Ватфорд, ВБА, Њукасл и Лестер, додека пак Челси до
крајот ќе игра против Свонси, Хадерсфилд, Манчестер јунајтед, како и пред своја
публика против Ливерпул, можеби меч на кој тимот од Лондон ќе фрли се
на една карта за да влезе во топ четирите
екипи сезонава во Премиерлигата.

Ливерпул, освен
со Челси, му преостанува и дуелот против Брајтон на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани