Фановите на
Ливерпул не можат да поверуваат по последните информации кои се појавија во
врска со преговорите на клубот со еден од своите најдобри фудбалери во
составот, Емре Џан.
Актуелниот
важечки договор на германскиот репрезентативец со тимот од „Енфилд Роуд“
истекува претстојното лето, а медиумите на Островот пренесуваат дека Џан бара
цели 200 илјади фунти неделна плата за да стави потпис на нов договор со
Ливерпул.
Како за
издвојување, доколку би се оствариле барањата на Џан, што е неверојатно да се
случи, тој би станал најплатениот фудбалер во клупската историја на Ливерпул со
приближно десет милиони фунти годишна плата.
Фановите на
Ливерпул гневни на тоа што одредени тамошни медиуми го објавија, му порачаа на
Џан дека може слободно да си замине од клубот, од причина што не вреди толку
многу, барем според нив.
Доколку не падне
договор во периодот кој претстои, Џан би можел на лето да си замине како
слободен играч на трансфер пазарот, а познато е дека за него интерес
пријавуваат Јувентус и Баерн Минхен, кои би можеле без никакво обештетување да
го добијат фудбалерот од средниот ред.