Големиот инцидент
се случил во завршните мигови од мечот на Етихад, во кој „Црвените ѓаволи“ имаа
неверојатен пресврт и откако губеа со 2-0 на полувреме, стигнаа до победа од
2-3.
Фудбалерите и
фановите на Манчестер Сити беа фрустрирани, сакаа да ја прослават титулата со
триумф над лутиот градски ривал, но Манчестер јунајтед им ја расипа забавата.
Еден навивач
решил своето незадоволство да го манифестира со напад кон Жозе Мурињо и со
парича го гаѓал Португалецот.
Но расположението
на „Специјалниот“ било толку добро, што тој наместо да се пожали до
официјалните лица, паричката од една фунта ја дал на момчето кое било
задолжено за собирање топки.
„Некој од
трибината фрли паричка кон Мурињо. Тој ја зеде, му ја даде на момчето кое
собира топки и му порача дека секоја фунта ти помогнува да станеш милионер” – вели сведок на инцидентот за
Дејли Стар.